Ферстапен ја смета одбраната на титулата за невозможна мисија

Големата награда на Бразил на Интерлагос во Формула 1, се вози денес во 18 часот. Пол позицијата ја има Ландо Норис во Мекларен, кој славеше и во спринтот и ја зголеми предноста во генералниот пласман на 39 поени повеќе од Макс Ферстапен во Ред Бул.

Четирикратниот последователен и актуелен шампион на Формула 1, натпреварувањето го смета за завршено.

„Најпрво, мораме да разбереме каде е проблемот? Ситуацијата е лоша. Не сфаќаме баш зошто се одвиваа работите вака. Едноставно немаше прилепување на болидот. Променивме неколку работи во болидот и не функционираше – тоа мора да го разбереме. Се чувствува како ништо да не функционира, а ние тоа не го разбираме”, изјави Летечкиот Холанѓанец, кој ќе стартува дури 16-ти откако испадна во првиот сегмент, првпат по Големата награда на Русија 2021 година во Сочи.