Почина легендарниот Лери Виленс, рекордер во НБА


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Почина легендарниот НБА кошаркар и тренер Лени Вилкенс, на 89-годишна возраст.

Неговото семејство ја објави оваа тажна вест, но не го сподели причината за смртта на еден од најголемите легенди во историјата на НБА лигата.

Вилкенс беше трикратно приман во Куќата на славните: како играч, тренер и како дел од легендарниот Dream Team од 1992 година, каде што беше асистент на Чак Дејли.

Како играч, од 1960 до 1975 година беше еден од најдобрите плејмејкери на своето време, играјќи за Сент Луис Хоукс, Сиетл СуперСоникс, Кливленд Кавалирс и Портланд Трејл Блејзерс, постигнувајќи просечно 16,5 поени и 6,7 асистенции.

Тренерската кариера ја започна уште за време на играчките денови во 1969 година, кога беше тренер-играч на Сиетл, а потоа и на Портланд.

Потоа ги тренираше и тимовите на Кливленд, Атланта, Торонто и Њујорк, а најголемиот успех го постигна во 1979 година кога со Сиетл ја освои титулата на НБА.

Во тренерската кариера, Вилкенс водеше неверојатни 2.487 натпревари во НБА лигата, што и натаму е рекорд во најсилната лига на светот.

Покрај тоа што беше помошен тренер во стручниот штаб на Dream Team во 1992 година, како главен тренер ја предводеше репрезентацијата на САД до златната медаља на Олимписките игри во Атланта во 1996 година.

Во 1996 година, Вилкенс доби уникатно признание, избран меѓу најдобрите 50 играчи и 10 најдобри тренери на сите времиња во НБА лигата.