Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Кошаркарот на Денвер Нагетс Кристијан Браун ќе биде отсутен од терените најмалку месец и половина поради повреда на зглобот на ногата, објави инсајдерот на „ЕСПН“, Шемс Чаранија.
Браун се повреди за време на натпреварот помеѓу Денвер и Лос Анџелес Клиперс. Џејмс Харден случајно му застана на ногата, по што Браун шепајќи го напушти теренот, држејќи се за левата подколеница.
Браун повторно ќе биде прегледан за шест недели, а првичната дијагноза е истегнување на зглобот на ногата.
Денвер има скор од девет победи и два порази, а најзаслужен за таквиот учинок е Никола Јокиќ кој игра феноменално од почетокот на сезоната. Следниот натпревар го играат во ноќта помеѓу сабота и недела од 2 часот – против Тимбервулвс во Минесота.
















