Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Победа оваа година се врати во првата лига, но за жал не успеа да заигра во Прилеп сеуште.
Поради реконструкцијата, Победа мораше да игра во Битола и Охрид.
Но од реконструкцијата сеуште нема ништо, започнаа градежните работи, но многу брзо сопреа.
Наместо терен, кој претходно беше ископан, сега е никната трева, па тоа изгледа моментално како нива.
Стадионот во Прилеп е во катастрофална состојба и може да се каже дека пропаѓа.
Ова е срамно и жално за еден тим во Македонија кој во минатото ја има пречекано Перуџа, а на истиот тој терен има играно и македонската фудбалска репрезентација.
Не преостанува ништо, освен надеж… Надеж дека наскоро дека ќе се смени нешто, надеж дека конечно Прилеп и Победа ќе добијат стадион каков што заслужуваат и стадион на кој во иднина ќе се градат многу успеси.