Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓
По тешката прва сезона во Ферари, Луис Хамилтон (40) е подготвен да ја остави 2025 година позади себе и целосно да се исклучи од светот на Формула 1. Седумкратниот светски шампион најави дека ќе го фрли мобилниот “во проклетата канта за ѓубре” за да обезбеди целосен мир за време на зимската пауза.
Иако неговото преминување во Маранело на почетокот од годината предизвика еуфорија меѓу навивачите, Британецот се мачеше со прилагодување на новиот болид и тим. Сезоната му беше одбележана со скромни резултати, со победа во спринт трката во Кина и четврти места на Големите награди на Емилија Ромања, Велика Британија, Австрија и САД како најдобри постигнувања.
Хамилтон не го крие ниту своето незадоволство од сегашната генерација на болиди. “Не постои ниедна работа што ќе ми недостасува за овие болиди”, изјави пред медиумите пред последната трка на сезоната во Абу Даби. “Едноставно е така. Не уживав во тоа”, додаде тој.
Откако заврши осми на патеката Јас Марина, Хамилтон ја истакна желбата за одмор. “Моментално само се радувам на паузата. Сакам само да се исклучам, да не зборувам со никој. Никој нема да може да ме добие оваа зима. Нема да имам мобилен со мене. На тоа се радувам. Целосно ќе се исклучам”, изјави Хамилтон.












