До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Селекторотоа на репрезентацијата на Шпанија Хулен Лопетеги може во репрезентацијата да врати голема ѕвезда.
Се работи за Давид Виља кој игра одлично и по заминувањето во МЛС лигата, односно во Њујорк.
Виља во минатата сезона постигна дури 23 голови и беше втор стрелец во лигата, а тоа го цени и Лопетеги.
Тој неодамна со сопругата претстојуваше со сопругата во Њујорк и се одлучи да гледа и еден натпревар на оваа екипа, а Виља на тој меч постигна погодок и имаше асистенција.
„Отидов со својата сопруга во Њујорк и ја искористив шансата да го гледам Виља во акција. Навистина видов негова многу добра партија со полн интезитет. Виља продолжува да игра на многу високо ниво и ќе видиме дали во иднина ќе се врати.
Не ја затвораме вратата на ниту еден играч и секогаш ги разгледуваме сите кои можат да помогнат на националниот тим.
Виља е добар, игра со полн ритам, постигнува многу голови и покажува дека има вистински став“, рече Лопетеги.
Да потсетиме Виља е прв стрелец на репрезентацијата на Шпанија со 59 голови од 97 мечеви.















