До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез и екипата што го води кралскиот клуб, донесоа одлука за напуштање на Евролигата, и ќе биде еден од 12 клубови кои ќе играат во проектот NBA Европа.
Флорентино Перез последниве години беше во центарот на вниманието на фудбалската јавност откако заедно со Барселона, и уште неколку клубови, се обиде да создаде Суперлига, затворена лига во која би настапувале само најдобрите тимови од Стариот континент.
Тоа не му успеа. Остана сам во проектот за кој сѐ уште верува дека ќе оживее, но додека тоа не се случи, 78-годишникот одлучи кошаркарската секција на клубот да ја одвои од Евролигата.
Реал ќе биде вклучен во проектот NBA Европа, кој би требало да започне во октомври 2027 година. Таа лига ќе биде дел од најсилната кошаркарска лига во светот (NBA) и во своето натпреварување ќе има некои од најсилните европски клубови.
Планот е лигата да брои 16 клубови. 12 ќе бидат постојани учесници, а четири тима ќе се квалификуваат преку квалификации. Реал Мадрид е еден од основачите, а Флорентино Перез го привлекол огромниот капитал.











