До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Во петок од 9.30 часот по македонско време на „Род Лејвер арената“ ќе излезат најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ и актуелниот освојувач на гран слемот во Мелбурн Италијанецот Јаник Синер.
Организаторите одлучија дуелот помеѓу Ѓоковиќ и Синер да биде во идеален термин за гледачите во Европа и му дадоа приоритет во однос на второто полуфинале, во кое од 4.30 часот по нашето време ќе се соочат првиот тенисер на светот Карлос Алкараз и Германецот Саша Зверев.
Ова ќе биде единаесетти меѓусебен дуел помеѓу 38-годишниот Ѓоковиќ и 14 години помладиот Синер. Десеткратниот освојувач на Австралија опен успеа да го победи четири пати, а Италијанецот шест пати.
Синер е во серија од пет последователни победи против најголемиот на сите времиња, а Новак ќе има можност да му се реваншира на омилениот турнир и да игра во недела за својата 25-та гран слем титула.
















