Ѓоковиќ откри важна информација пред финалето на АК


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ во недела ќе се сретне со Карлос Алкараз во финалето на Австралија Опен, а српскиот ас, после величествената победа против Јаник Синер (3:2), е само насочен кон тоа на најдобар начин да се одмори и да се подготви за Шпанецот и последната битка во Мелбурн оваа сезона.

Тоа што е сигурно, нема да тренира на денот меѓу полуфиналето и финалето.

– Ќе има многу опоравување, утре сигурно нема да има тренинг. Можеби активен опоравок во теретана и тоа е тоа. Има доста работи, не сакам да откријам пред јавноста што сѐ правиме, но имаме протокол кој ќе го почитуваме и тоа што ќе биде – наведе Ѓоковиќ.

Ова ќе му биде битка за 25-та Гренд слем титула и се чини дека, и покрај некои моменти поради долгите релија, е прилично подготвен.