До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Руската тенисерка со казахстански пасош, Елена Рибакина, успеа да ја освојува својата втора грен слем титула откако денеска ја совлада Арина Сабаленка, најдобрата тенисерка во светот, во финалето на Австралија Опен со 6:4, 4:6 и 6:4.
Ова беше реприза на финалето од Мелбурн пред три години, кога Сабаленка ја победи Рибакина во финалето и ја освои првата титула на Австралија Опен, а денеска сакаше да дојде до третата.
Но, Рибакина ја спречи во тоа. Гледавме одличен меч, три сета и многу добри поени од двете страни.
Ова е втората гренслем титула за неа, а претходно во 2022 година го освои Вимблдон. Од друга страна, Белорусинката останува со четири титули – по два пати славеше на Австралија Опен и Ју-Ес Опен.
















