До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Ендрик Фелипе Мореира де Соуза денес е едно од најзвучните имиња во светскиот фудбал и голема инвестиција на Реал Мадрид за иднината, но патот до рефлекторите на Сантјаго Бернабеу беше далеку од бајка.
Таткото на младиот Бразилец, Даглас, во емотивна исповед откри какви тешкотии минуваше семејството пред Ендрик да стане професионалец.
Како што призна, во 2017 година живееја во исклучително тешки услови, до таа мера што честопати немаше доволно храна дома.
„Имаше денови кога немавме што да јадеме. Некогаш ме праша дали има храна, а јас немав што да му дадам“, раскажа Ендриковиот татко, па додаде еден детаљ што подоцна го промени животот на целото семејство.
Малиот Ендрик тогаш му вети дека ќе стане професионален играч и дека ќе ги реши сите проблеми со кои се соочува семејството. Тоа ветување не остана само детска желба, туку се претвори во животна мисија.
Ендрик заблеска во дресот на Палмеирас, сруши многу рекорди во бразилската лига и многу брзо ги привлече вниманието на најголемите европски клубови. На крајот потпиша за Реал Мадрид, кој го донесе како еден од најголемите таленти на неговата генерација.
















