Пет понуди на масата, но срцето влече на една страна: Левандовски подготвува потег што ќе одекне


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Роберт Левандовски влегува во завршницата на договорот со Барселона. На масата има дури пет сериозни понуди од странство. Конечната одлука ќе ја донесе дури по претседателските избори во клубот.

Роберт Левандовски смирено ја посматра ситуацијата, но зад кулисите се вари сериозна приказна.

Полскиот напаѓач, кој има 37 години и чиј договор со Барселона истекува на 30 јуни, нема да брза со одлуката за продолжување на кариерата.

Иако времето полека отчукува, Левандовски планира да почека до април, односно да поминат претседателските избори во каталонскиот клуб закажани за 15 март.

Тогаш, според информациите од неговата околина, ќе седне и сериозно ќе ги анализира сите опции што ги има на масата.

А опциите не се малку. Дури пет конкретни и сериозни понуди пристигнаа на неговата адреса за продолжување на кариерата надвор од Камп Ноу.

Интересот на Chicago Fire од MLS веќе со месеци кружи низ медиумите. Германскиот Bild уште во декември ја отвори таа приказна, а таа оттогаш не е стивнала. Chicago, сепак, не е единствената опција. Во игра се уште AC Milan, Атлетико Мадрид, Фенербахче, како и клубови од Саудиска Арабија.