Тикет на денот (четврток, 19.02.2026)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Денес на програмата се баражите за 1/8 финалето од Лига Европа и Лига на конференции. Се игра ширум Европа, а ова е нашиот предлог тикет за денес.

Динамо Загреб – Генк – Х2 @ 1.69 во 1xBit

Генк е еден од најмалерозните тимови во Лига Европа. Тие завршија на 9-то место и само поради послабата гол разлика останаа во друштво со тимовите кои мора во бараж. Од друга страна тинамо беше на 23-та позиција и имаше бод повеќе отколку што беше потребно за пласман во баражот. Генк зналително ја подобри формата во домашното првенство и врзаа три победи од кои две на гости. За Динамо Загреб пласманот во нокаут фазата е голем успех бидејќи тие повеќе се фокусирани на домашното првенство. Ние овде очекуваме гостите да останат непоразени и типуваме Х2 со квота 1.69 во 1xBit.

Лудогорец – Ференцварош – ГГ @ 1.77 во BetLabel

Интересно е дека овој пар се сретнаа веќе три пати оваа сезона. Во текот на летото играа двомеч во квалификациите за ЛШ, а еднаш и во рамките на лига делот од Лига Европа. Лудогорец има голем мотив да се освети за поразите од Унгарците, треба да се каже дека бугарскиот првак одвај успеа да се пласира во нокаут фазата и тоа го направија во последното коло со победа над Ница. Овде искрено ние решивме да го избегнеме конечниот исход и да ви дадеме предлог на голови. Типуваме ГГ со квота 1.77 во BetLabel.

Селтик – Штутгарт – 2 @ 2.25 во 22Bet

Селтик оваа сезона доживеа многу „удари“. Сето започна со поразот од Каират во плеј офот за пласман во ЛШ, па фановите протестираа за ниските вложувања во тимот. Во домашното првенство се на третото место и имаат три бода помалку од Хартс и еден од Ренџерс, но и натпревар помалку од овие два ривали. Швабите од друга страна играат одлично оваа сезона и во моментов преку Бундеслигата се борат за пласман во ЛШ, додека во ДФБ купот се пласираа во ½ финалето, па оваа сезона за нив е повеќе од успешна. Ние овде типуваме 2 со квота 2.25 во 22Bet.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО 22Bet: 6.73

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk