Лофтус-Чик надвор од терен осум недели поради скршеница на вилица (Видео)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерот на Милано Рубен Лофтус-Чик ќе биде отсутен од теренот осум недели поради скршеница на вилицата, соопшти денес италијанскиот клуб.

Англискиот играч од средината на натпреварот против Парма доживеа скршеница на алвеоларниот продолжеток на вилицата, а Милано соопшти дека операцијата за “репозиција и стабилизација на скршеницата” на која тој беше подложен денес била “целосно успешна”.

Лофтус-Чик оваа сезона одигра вкупно 27 натпревари и постигна три гола за Милано.

.