Познат е распоредот на натпреварите од осминафиналето на ЛШ


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


По извлекувањето за Лигата на шампионите, УЕФА го објави и точниот распоред на натпреварите од осминафиналето.

Првата вечер, во вторник на 10 март, ќе се сретнат Галатасарај и Ливерпул во термин од 18.45 часот.

Во 21 часот ќе играат Аталанта против Бајерн во Бергамо, Барселона ќе гостува на Њукасл, додека Атлетико во Мадрид ќе биде домаќин на Тотенхем.

Следниот ден, програмата ќе ја отворат Бајер Леверкузен и Арсенал од 18.45 часот, а потоа од 21 часот ќе се играат два најголеми дербија на оваа рунда.

Реал во Мадрид ќе биде домаќин на Манчестер сити, додека во Лондон Челси ќе го пречека европскиот првак Пари Сен Жермен, што ќе биде реприза од финалето на Светското клупско првенство кое минатото лето го доби англискиот тим.

Исто така, Боде ќе го пречека Спортинг на тој круг.

Реваншите се на 17 и 18 март.

Во вторник, 17 март, ќе играат паровите од 11 март, а во среда, 18 март, на програмата се реваншите на натпреварите од 10 март.