До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
УЕФА ги објави некои од финансиските детали на клубовите, што не се допадна на самите клубови, но на љубителите на овој спорт им се допадна.
Како што пренесува британскиот „Гардијан”, клубовите од Премиер лигата се незадоволни од одлуката на УЕФА да ги објави деталите на нивните финансиски резултати пред нив самите.
Според овие податоци, Челзи минатата сезона имаше рекордни трошоци, околу 405.000.000 евра. Овој дел од извештајот УЕФА го нарече “European Club Finance and Investment Landscape” и беше претставен во четврток на самитот “Financial Times”.
Од Челзи го изразија своето незадоволство, не негирајќи ги овие бројки, туку истакнувајќи дека споменатиот губиток не го одразува реалното состојба на клубот.
„Гардијан“ укажува дека овој губиток е резултат на еднократни трансакции во врска со отписите на договорите на играчите и имотот, и дека клубот на оперативно ниво работи профитабилно. Не само Челзи беше на удар, тука се и Тотенхем и Астон Вила.
















