„Седнав со Ибрахимовиќ после мечот и му ја признав грешката“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Работата на фудбалскиот судија не е ниту малку лесна.

    Некогашен гледачите покрај малите екрани ќе гледаат забавена снимка по неколку пати, но не успеваат да заклучат дали некој фудбалер бил во офсајд или дали заслужил црвен картон.

    Сепак, судиите мораат одлука да донесат во истиот момент и многу често се случува за таа да не биде исправна.

    Нешто такво се случи со Златан Ибрахимовиќ во април 2015 година кога доби црвен картон во натпреварот против Челси сосема неоправдано.

    Судија на тој натпревар беше Бјорн Кујперс кој рече дека на Ибрахимовиќ му се извинил после мечот.

    „Наш (судиска тројка) најлош натпревар било кога беше Челси – ПСЖ во април 2015 година, кога Златан Ибрахимовиќ доби црвен картон во 31 минута.

    Бев уверен дека е црвен, но кога ја прегледав снимката, видод дека можам да му покажам црвен, но жолт беше подобра одлука“, рече Кујперс и додаде:

    „После натпреварот седнав со Златан во соблекувалната и разговаравме само за тоа. Му реков дека ми се причини дека е чисто исклучување, но дека погрешив“.

    Да потсетиме дека тогаш ПСЖ го елиминира Челси од ЛШ и дека се пласира во четвртфиналето.