Воената состојба на Блискиот исток го менува календарот на Формула 1?


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Воената состојба на Блискиот исток го наруши целиот свет, па така и Формула 1 размислува нови опции за календарот за претстојната сезона.

Како што беше претходно најавено, во календарот за оваа година, како и за претходните, се најдоа трките во Бахреин и Саудиска Арабија, две земји кои се погодени од војната меѓу САД и Израел од една и Иран од друга страна.

Поради оваа причина, челниците на Формула 1 разгледуваат можноста овие трки да ги откажат и да организираат нови две – во Португалија и Италија.

Според првичните информации, трките кои би требало да се одржат во Бахреин на 12 април и во Саудиска Арабија седум дена подоцна би биле заменети со трки во Портимао и Имола. Двете легендарни патеки сигурно би се допаднале и на љубителите на Формула 1.