Во Неапол не се шегуваат: Игуаин би било подобро да не доаѓа!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Градоначалникот на Неапол Луиџи Де Магистрис се закани на Игуаин да не доаѓа во тој град.

    Јувентус и Наполи во овој викенд ќе го играат големото дерби на 10 коло од Серија А, а тој меч ќе биде посебно незгоден за Игуаин кој моментално е наомраазена личност неѓу навивачите на Наполи.

    Тој во летото премина од Наполи во Јувентус, а со оглед дека раната е сеуште свежа, градоначалникот на Неапол не препорача доаѓање на Игуаин кога оваа екипа повторно ќе игра на пролет, но на Сан Паоло.

    „Навивачите ја заборавија таа неверојатна поврзаност со него. Тој таа поврзаност ја скрши кога замина. Мислам дека Игуаин не може да се прошета во Неапол. Дружелибиви какви што сме, но нема со воодушевување да го дочекаме“, рече Луиџи Де Магистрис и продолжи:

    „Премиерот Матео Рензи по градот мора да оди со детектор за метал и опкружен со 1000 полицајци. Така ќе биде и со Игуаин. Всушност, треба заедно да дојдат во градот за да можеме да оптимизираме полициска придружба“.