Роналдо откри кој фудбалер на Челси му беше најголема пречка


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Најдобриот фудбалер на светот Кристијано Роналдо во својата кариера играше против речиси против сите најдобри фудбалери во минатата деценија.

    Но, Португалецот изненади кој играч најмногу го воодушеви, и кој всушност бил најтежок противник на теренот за Роналдо.

    Тоа е поранешниот фудбалер на Арсенал и Челси Ешли Кол кој речиси тешко можеше да го помине португалскиот фудбалер.

    „Во текот низ годините имав големи битки со Ешли Кол, не ми даваше ни секунда време да дишам. Кога беше на својот врв, беше толку опорен, брз и цврст во одбраната. Знаев дека никогаш нема да има лесен натпревар“, изјави Роналдо.

    Да потсетиме, Ешли Кол моментално е член на МЛС тимот ЛА Галакси.