До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Игор Тудор загуби сè на клупата на Тотенхем и изгледа дека би можел да добие отказ во случај на пораз од Ливерпул.
Хрватот пред гостувањето на „Енфилд“ потврди дека екипата буквално е десеткувана, големо е прашањето дали ќе успее да изведе 11 првотимци на терен, па во клубот се плашат од нова катастрофа по „петардата“ во Мадрид.
Новинарот Дејвид Орнстајн ја потврди дека управата на Тотенхем сѐ уште бара решенија на пазарот, но досега тие се „во магла“.
Тотенхем повторно контактираше со Роберто Де Зерби, но Италијанецот се заблагодари и во овој момент сака да почека до летото и да ги разгледа сите опции. Иста е ситуацијата и со Маурисио Покетино, кој е селектор на САД и јасно е дека пред летото не би можел да преговара со ниеден клуб, па ни со Тотенхем.
Тој најави можност за преговори дури по истекот на договорот со САД.
„Секогаш ме поврзуваат со клубовите во кои сум работел, па така и со Тотенхем, особено затоа што тогаш игравме добар фудбал. Но, во моментот нема ништо. Фокусирани сме на Светското првенство, а мојот договор истекува по Светското првенство, а потоа сè е можно“, рече Покетино.
















