Рома три месеци без својот универзалец


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Опоравувањето на Алесандро Флоренци  ќе трае минимум 90 дена, пренесоа италијанските медиуми.

    Пишувавме вчера дека Фло мора „под нож“ поради повреда на вкрстените лигаменти на коленото здобиена во натпреварот против Сасуоло, денеска е опериран, се помина во најдобар ред, а според првите лекарски проценки го чека тримесечно отсуство.

    „Се помина без никакви проблеми, најважно е дека немаше ниту најмали компликации“, рече Пјеро Паоло Марини, човекот кој го оперираше универзалецот на Рома.

    Тој стигна и да се пошегува со новинарите.

    „Очекував дека од Лацио ќе се заблагодарат на медицинските сестри кои ми помонгаа и кои се страствеи „лацијанки“ што Флоренци нема да игра во дербито“, рече доктор Мариани низ насмевка.

    Др Мариани продолжи и во шеговит тон кога е запрашан како ќе искоментира тоа што пред Флоренци негови пациенти биле Кевин Стротман и Антонио Рудигер истотака доживееја повреда на лигаментите на коленото, како и што требало да направи за тоа да се спречи.

    „Подобро е да го прашате човекот кој живее недалеку одовде – Папата“, рече овој хирург и демонстрираше дека има одличен смисол за хумор.

    Инаку, дерби „Дела Капитале“ е на програмата на 4 декември.