До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Во случајот Пол Погба и грешната проценка на управата на Манчестер Јунајтед сите знаете.
Сепак, и нивниот градски ривал Манчестер Сити можеби направи слична грешка.
Како и Јунајтед со Пол Погба, Сити го испрати на позајмица талентираниот Французин Секо Фофана, а на крајот го продаде без шанса на Итихад.
Се работи за играчот за врска кој игра во Удинезе, а таму навистина заблеска во текот на сезоната во Серија А.
Главен е фудбалер на екипата од северна Италија и управата веќе готви план како да реализира трансфер за голема сума на пари.
Во четвртокот постигна два погодоци против Палермо на нашиот Илија Несторовски и на својата екипа осигура мирен тек на сезоната.
Многу фудбалски аналитичари го нарекуваа “ Нов Погба“.















