До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Барселона сериозно размислува за засилување на одбраната во летниот преоден рок, а на врвот на нивната листа на желби се наоѓа Алесандро Бастони.
Според последните информации, каталонскиот гигант веќе подолг период го следи италијанскиот стопер, кој е свесен за конкретниот интерес од страна на клубот.
Сепак, трансферот воопшто нема да биде лесен. Интер не планира лесно да се откаже од еден од своите најважни играчи.
Дополнително, Бастони има важечки договор со Интер до јуни 2028 година, што дополнително ја комплицира евентуалната зделка.















