Возбудлива завршница на Ф1 сезоната


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    До крајот на шампионатот во Ф1 има уште 3 трки. Возачите на Мерцедес, Розберг и Хамилтон  водат голема борба за 1-то место.

    Германецот е на 1-то место со 26 бодови повеќе од Хамилтон.

    Наредната трка се вози за ГН на Мексико. Комбинации има многу, но треба да се каже дека Розберг утре може да дојде до 1-та титула доколку победи, а неговиот колега биде на 10-то или некое полошо место.

    Сепак, тој многу не размислува за тоа.

    „Не размислувам за такво нешто. Фокусиран сум само на трката.“

    Од друга страна Хамилтон сака да ја одбрани титулата, но знае дека тоа нема да биде лесно.

    „Ми останува да се обидам да победам во сите трки до ркајот. Ќе биде интересно. Секако дека сакам да победам на крајот, но не е се во мои раце.“

    Квалификациите се возат вечерва од 20 часот.