Видео: Тешка несреќа пред спектаклот на WRC во Хрватска


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Неколку дена пред WRC Croatia Rally, кој во Хрватска започнува во четврток, се случи тешка несреќа за време на тестирање. Возачот на автомобилот во категорија WRC3 го скрши својот Ford Fiesta, а автомобилот од силата на ударот остана без тркала. И покрај вознемирувачките сцени, возачот остана без повреди.

Несреќата се случи во еден свиок, а Ford Fiesta-то претрпе огромна штета. Фотографии од уништеното возило брзо се проширија меѓу љубителите на рели, а на нив се гледа како од силата на ударот на автомобилот отпаднале тркалата. За среќа, возачот преживеал и излегол од несреќата без последици.