До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Серхио Бускетс и Серхи Роберто денеска се незаменливи на своите позиции во тимот на Луис Енрике, а можеа да завршат во Реал Мадрид.
Тоа во интервју за радио Кадена сер го потврди скаутот Маноло Ромеро, кој веќе 25 години скаутира играчи во Каталонија.
„Бускетс беше повикан како дете да дојде во Реал Мадрид, но Барселона моментално реагираше. Се беше договорено, Бускетс требаше да дојде на проба од седум дена, но Барселона некако ја стопираше целата приказна. Што се однесува до Роберто, тој практично се договори и требаше да премине во школата на Реал. Разговараше и со своите родители во родниот град, меѓутоа на крајот ја избра Барселона“, откри Ромеро.
Бускетс буквално е незаменлив веќе во последните осум години, поради тоа што Пеп Гвардиола го внесе во првите тим во летото 2008 година, додека Роберто стана прв десен бек после заминувањето на Дани Алвеш.















