Рудигер му удрил шлаканица на Карерас – објавени нови детали од инцидентот


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Тензиите во соблекувалната на Реал Мадрид очигледно биле далеку поголеми отколку што се претпоставуваше. Шпанското радио „КОПЕА“ објави дека Антонио Рудигер во февруари физички се пресметал со младиот Алваро Карерас, удирајќи му шлаканица во лицето за време на расправија во соблекувалната.

Новинарот Мигел Ангел Дијаз открил дека инцидентот се случил само еден ден по заедничката вечера на тимот, на која играчите наводно се договориле заедно да се борат за трофеи до крајот на сезоната.

По објавувањето на информацијата, Карерас се огласи со кратко соопштение во кое се обиде да ја смири ситуацијата.

„Во врска со инцидентот со соиграч, станува збор за изолиран случај без поголемо значење кој веќе е решен. Мојот однос со тимот и со тренерите е многу добар. Целосно сум посветен“, порача шпанскиот фудбалер.