Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Претседателот на Париз ФК, Антоан Арно гледа на Јирген Клоп како на идеален кандидат за тренер на неговиот тим во иднина. Арно, инаку извршен директор на компанијата Кристијан Диор SE и еден од најбогатите луѓе во светот, јавно ја искажа својата амбиција, но и постави јасен услов за доведување на славниот германски експерт. „Доколку успееме да се квалификуваме во Лигата на шампионите, би сакал да го убедам Јирген Клопп да ни се придружи и да го преземе тимот“, изјави тој за RMC.
Париз ФК, кој минатата сезона влезе во Лига 1, има силна финансиска поддршка од милијардерската фамилија Арно и компанијата Ред Бул, која исто така држи акционерски удел. Токму моменталната функција на Клоп е поврзана со клубот, со оглед на тоа дека работи како глобален раководител на фудбалот за австрискиот производител на енергетски пијалаци.
Благодарение на финансиската моќ, квалификацијата во Лигата на шампионите се смета за реална цел. “Кој не сонувал за Јирген Клоп, неговиот ведар дух и фудбалската генијалност? Сите порано или подоцна сонуваме за тоа да го доведеме”, додаде Арно.
















