Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Аргентинскиот фудбалски експерт Маурисио Покетино е чекор до преземање на клупата на потонатиот италијански гигант Милан, пренесуваат италијанските и американските медиуми.
Покетино од септември 2024 ја води репрезентацијата на САД со која се подготвува за претстојното Светско првенство, но договорот му завршува по Светското првенство.
Дел од медиумите објавија дека 54-годишниот Аргентинец се сретнал со претставниците на “Росонерите”, меѓутоа Покетино ја демантираше оваа вест порачајќи дека е 100 проценти посветен на американскиот тим. И покрај тоа, не откри дали можеби со челниците на Милан се сретнале неговите претставници.
















