Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Пари Сен Жермен успеа да ја одбрани титулата шампион на Европа откако денеска по пенали беше подобар од Арсенал, а беше доделена и титулата на најдобриот играч на ова финале кое се одржа во Будимпешта.
Најдобар фудбалер на финалето во Лигата на шампионите е Витиња.
Португалскиот фудбалер денеска господареше со средината на теренот и иако неговиот тим не создаде толку многу шанси како обично, успеа да дојде до ова големо признание.
Витиња денес одигра 106 минути, по што беше заменет од Бералдо.
Инаку, тој изврши 141 успешно додавање од вкупно 150 обиди, што е навистина импресивен учинок за средишен фудбалер.
















