Мојс има најлош тим во историјата на Премиер лигата


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Екипата на Сандерленд денеска на домашен терен е прегазен од Арсенал со резултат 4:1.

    Црните мачки потклекнаа во второто полувреме од мечот, а примија три гола во период од седум минути.

    После овој меч Сандерленд стана тим со најлош старт во историјата на Премиер лигата.

    Освоија само два бода во 10 одиграни натпревари, баш колку што имаше и Манчестер Сити во сезоната 1995/96, но Граѓаните пред 20 години имаа подобра гол разлика.