Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Иако веќе реализираше неколку значајни засилувања ова лето, Реал Мадрид нема намера да застане со реконструкцијата на тимот. Според најновите информации од Шпанија, раководството на „кралскиот клуб“ планира да донесе уште една голема ѕвезда, како и дополнително засилување во одбранбената линија.
Во клубот сметаат дека тимот мора да биде максимално конкурентен во сите натпреварувања следната сезона, па затоа работат на нови трансфер-зделки кои би можеле значително да го зголемат квалитетот на составот.
Покрај „новиот галактико“ и новиот дефанзивец, Реал Мадрид внимателно ја следи и ситуацијата на трансфер-пазарот во потрага по играч од средниот ред. Сепак, евентуалниот ангажман на нов играч за врската ќе зависи од финансиските средства што ќе останат на располагање по реализацијата на главните трансфер-цели.
















