Винисиус Жуниор донесе одлука која воопшто нема да им се допадне на навивачите на Реал Мадрид


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Иднината на Винисиус Жуниор повторно е една од главните теми меѓу навивачите на Реал Мадрид, а новите информации од Шпанија предизвикаа големо внимание.

Бразилскиот репрезентативец веќе со години е еден од најважните играчи на кралскиот клуб, поради што секој детаљ поврзан со неговиот статус внимателно се следи.

Според информациите на шпанскиот весник “AS”, Винисиус донесе јасна одлука кога станува збор за продолжувањето на неговата кариера во Мадрид.

Како што се наведува, доколку челниците на Реал не преземат конкретни чекори околу продолжување на соработката, извонредниот крилен напаѓач е подготвен да го заврши постоечкиот договор до крај.

По истекот на актуелниот договор, Бразилецот би го напуштил Сантијаго Бернабеу како слободен играч.