Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Изгледа дека на натпреварот Јужна Кореја – Чешка немаше 44.985 гледачи како што објави ФИФА, поради што сега се огласи главната организација на фудбалот.
“Службените податоци за посетеност го отсликуваат бројот на проверени влезници и присутни гледачи внатре на стадионот, а не визуелните проценки на исполнетоста на столиците во било кој момент за време на натпреварот.
ФИФА тесно соработува со управите на стадионите и тимовите за продажба на влезници за да осигури дека сите објавени бројки се базираат на проверени оперативни податоци. Напоменуваме дека на синоќешниот натпревар во Гвадалахара можеше да се види како неколку навивачи со влезници стојат во ходниците наместо да седат на своите одредени столици за време на целиот натпревар”, соопшти главната организација на фудбалот.
🚨 Breaking: So many empty seats were spotted during the South Korea vs Czech Republic World Cup match
— Кара (@UTDKarra) June 12, 2026
Guess why? 👀😭 pic.twitter.com/iSbyMyoC82
















