АТП Виена: Карловиќ изгуби од Цонга, Мареј без борба до финале!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Жо Вилфред Цонга и Мареј ќе играат во финалето во Виена.

    Цонга по неколку пресврти го победи Иво Карловиќ со 5:7, 7:5 и 7:6 за 2 часа и 38 минути додека Ферер поради повреда на ногата не излезе на теренот и му го предаде натпреварот на Мареј.

    Карловиќ пропушти голема шанса да го победи Цонга. Хрватот водеше со 1:0 во сетови, но потоа нешто тргна како што не треба и го изгуби натпреварот на крај.

    Мареј и Цонга досега имаат играно 16 пати, а 13 пати беше подобар Енди Мареј.