Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерите на Аргентина убедливо го совладаа Алжир со резултат 3:0 и на моќен начин започнаа со одбраната на титулата светски првак.
Во главната улога повторно беше незапирливиот Лионел Меси, кој со хет-трик потврди дека и во својата 39. година од животот диктира темпо на највисоко светско ниво.
Сепак, пред самиот натпревар се случи вистинска драма надвор од теренот, што аргентинските навивачи го открија во разговор за домашниот весник „Ла Насион“.
Тие раскажаа дека нивниот возач на Убер е повреден кога од друг автомобил во движење неочекувано се отвори оган врз нивното возило.
– Пукачите стрелаа на автомобилот додека пристигнувавме. Двапати се стрела на Уберот. Автомобилот се движеше, а другото возило се појави и двапати пукаше на него. На почетокот мислевме дека е пробиена гума, не видов што се случи. Возачот закочи, тогаш видов дека има еден прострел на ногата. Повикавме полиција. Беше ужасно – раскажа еден од навивачите.
















