Барселона сака да донесе десен бек за 22 милиони евра!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Барселона очајнички бара десен бек. По заминувањето на Алвес, се очекуваше да заблеска Видал, но поранешниот играч на Севиља не добива многу шанса кај Енрике.

    Па така тимот има само еден десен бек, а станува збор за младиот Сергио Роберто.

    Меѓутоа проблемот е тоа што ниту Шпанецот не е класичен десен бек.

    Барселона е подготвена в јануари да донесе квалитетно засилување на оваа позиција, а во игра се неколку имиња.

    Последен во листата е Натаниел Клајн.

    Според медиумите Барселона е подготвена да плати 22 милиони евра за 25-годишниот играч, но тешко дека Клоп ќе се откаже од неговиот играч…

    https://youtu.be/bGPfD3hjfHQ