Капитенот останува во Битола: Кузмановски го продолжи договорот со Пелистер


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Филип Кузмановски ќе остане дел од Пелистер и во наредната сезона, откако постигна договор со битолскиот клуб за продолжување на соработката за уште една година.

Во изминатиот период се појавија бројни информации за можен трансфер на капитенот, а интерес за неговите услуги покажаа српскиот Партизан и неколку екипи од Германија.

Сепак, Кузмановски одлучи да ја продолжи својата приказна во Битола и да остане еден од лидерите на тимот.