Милан договори дефанзивец по мерка на Рубен Аморим!


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Милан мора да се засили на сите линии, а Гонсало Рамош е речиси пред вратите на тимот, доаѓа како големо засилување во нападот и прашање е само на време кога сè тоа ќе биде објавено. 

Тука нема да заврши купувањето на Милан ова лето, Аморим насочил поглед и кон играч на Бенфика. 

Станува збор за Антонио Силва, момче родено во 2003 година, централен дефанзивец кој би можел да ја зајакне задната линија на тимот. 

Антонио Силва веќе ги договори условите со Милан до 2031 година, останува само клубовите да се договорат околу обештетувањето. 

Посредник е човек кој е многу близок со Милан, особено од доаѓањето на Рубен Аморим, Хорхе Мендеш.

Силва целата своја кариера ја помина во Бенфика, а веќе има забележано и 20 настапи за репрезентацијата на Португалија.