Еве кога Новак Ѓоковиќ го игра мечот од второто коло на Вимблдон против Стефанос Циципас


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, во среда го очекува нов предизвик – Вимблдон и стар противник од многу битки, Стефанос Циципас. Организаторите ја одредија и саатницата кога ќе се сретнат Србинoт и Гркот на Централниот терен од легендарниот комплекс.

Новак и Стефанос досега во кариерите се сретнале 14 пати и српскиот претставник успеал да победи дури 12 пати.

Сигурно е дека Циципас најдобро ги запомнил поразите од финалињата на Австралија Опен во 2023 година и Ролан Гарос во 2021 година.

Скоро цели седум сезони поминаа откако Гркот последен пат победил во меѓусебниот дуел, кога тоа се случи на Мастерсот во Шангај.

Интересно е што од сите 14 средби, ниту една не била во толку рана фаза од турнирот како што е ова второ коло.

Новак го победи Џибинг Ву со 3:1, додека Циципас го совлада Иго Гастон со 3:0 во сетови.

Организаторот одлучи дека тие двајца најверојатно ќе излезат на Централниот терен во 18:30 часот по македонско време.