Покетино изненади: „За мене тоа не е црвен картон“


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерот на репрезентацијата на Соединетите Американски Држави, Кристијан Пулишиќ, денеска изјави дека неговиот тим мораше да се потруди за да ја победи Босна и Херцеговина во осминафиналето на Светското првенство и дека со играч помалку го покажале својот карактер.

Селекторот на САД, Маурисио Покетино, изрази гордост кон своите фудбалери.

„Горд сум на сите мои фудбалери. За мене тоа (остар прекршок на Балогун врз Тарик Мухаремовиќ) никогаш не би бил црвен картон“, рече аргентинскиот тренер, кој стана првиот селектор на САД со три победи на светски првенства.