Њукасл најде замена за Гордон, од Германија дојде супersonично крило за 42.000.000 фунти!


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Њукасл објави дека го ангажирал репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Базумана Туре, кој доаѓа во клубот од германскиот Хофенхајм за обесштетување од 42.000.000 фунти.

Дваесетгодишниот крилен фудбалер е второто засилување на тимот на тренерот Еди Хау во летниот преоден рок, по доаѓањето на голманот Јуен Жауен од Ремс.

Туре оваа година на Светското првенство настапуваше за репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска. Беше стартер во првиот натпревар против Еквадор, а забележа уште два настапи како резервист.

“Многу сум среќен што сум тука. Уште од детството сонував да играм во Премиер лигата за голем клуб како Њукасл. Чувствувам дека овој клуб е како семејство и верувам дека тоа ќе ми помогне да ги пружам најдобрите партии. Ќе го дадам максимумот секој ден за овој дрес”, изјави Туре.

Тренерот на Њукасл, Еди Хау, изјави дека клубот во младиот репрезентативец гледа големо засилување.