Анчелоти изненади по дебаклот: Заслуживме да победиме!


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Карло Анчелоти, изјави дека неговиот тим заслужил победа против Норвешка, и покрај поразот од 2:1 и елиминацијата во осминафиналето на Светското првенство.

Анчелоти веднаш по натпреварот не застана да разговара со новинарите во мешаната зона, туку без изјава се упати кон соблекувалната, додека пред медиумите најпрвин излезе неговиот асистент и син Давиде Анчелоти.

Сепак, италијанскиот стручњак подоцна се појави на прес-конференција, каде што порача дека не смета дека неуспехот против Норвешка значи крај на неговата работа со репрезентацијата.

Мислам дека сите сме исклучително тажни бидејќи тимот не одигра извонредно на Светското првенство, но одигра добро. Исто така мислам дека денес заслуживме да победиме“, рече Анчелоти.