Тикет на денот (понеделник, 06.07.2026)


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Влегуваме полека во завршницата од овогодинашното издание на Мундијалот. Уште неколку натпревари и ќе ги добиеме сите ¼ финални парови. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

Португалија – Шпанија – ГГ @ 1.70 во BC.Game

Португалците се уште имаат големи желби и амбиции, но да бидеме реални овој пат имаат сериозна препрека, поточно за противник во 1/8 финалето го имаат тимот на Шпанија. Португалија во групата не прикажа кој знае какви игри, но успеа да обезбеди нокаут фаза и во претходната рунда ја елиминираше Хрватска. Шпанците после ремито со Зеленортска Република, влезе во добра серија и оствари четири последователни победи и триумфираше над многу квалитетни репрезентации. Овде двете селекции се силно мотивирани, а ние очекуваме голови. Типуваме ГГ со квота 1.70 во BC.Game.

САД – Белгија – 0-2 @ 2.11 во 20Bet

За Белгија не може да кажеме дека оставија добар впечаток и вистинско чудо е што се уште не се елиминирани. Групата ја поминаа благодарение на убедливата победа против Нов Зеланд во последната рунда од групната фаза, а веќе во нокаутот имаа спектакуларен натпревар и губеа со два гола разлика од Сенегал, но на крајот успеаа да се пласираат понатаму. САД пак е едно од пријатните изненадувања и мора да признаеме дека изиграа фантастични натпревари, па сосема оправдано се најдоа во овој дел. Ние веруваме дека на овој дуел нема да гледаме многу голови, па типуваме 0-2 гола со квота 2.11 во 20Bet.

Кефлавик – Фрам – 2&3+ @ 2.45 во 22Bet

Екипата на Фрам се снајдува одлично во исландската елитна лига. Се наоѓаат на 3-то место на табелата, а искрено немаат шанси за да конкурираат за шампионската титула, но сепак и овој пласман е над сите очекувања. Кефлавик е на 8-то место и после 12 изиграни натпревари собраа 15 бода, а нивната цел е да обезбедат позиција која ќе ги одведе во плеј оф и реално можат да стигнат до тоа. Фрам овде се издвојува како фаворит, а ние очекуваме победа за нив и голови. Типуваме 2&3+ со квота 2.45 во 22Bet.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО 22Bet: 8.79

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk