До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед вчера повторно ги разочара своите навивачи одигрувајќи без голови против Барнли.
Црвените ѓаволи на Олд Трафорд во рамките на 10 коло од Премиер лигата ја угости екипата на Барнли, но не успееја да дојдат до победа.
Јунајтед имаше неколку одлични шанси, а зицер промаши Златан Ибрахимовиќ.
Шведскиот фудбалер дури 12 пати пробуваше да го совлада Том Хитон, но не успеа.
Ибрахимовиќ на средината на втоторо полувреме проба да ја затресе мрежата на Барнли, но Хитон во последен момент реагираше.
Голманот на гостите после мечот изјави дека во таа прилика помисли дека Ибрахимовиќ ја скрши неговата рака.
„Пробував да излезам со цел да му го скратам аголот. За среќа топката ја погоди мојата рака, но тоа беше неверојатно многу силен удар. Ибрахимовиќ за малку ќе ми ја скршеше раката“, рече Хитон.















