Нови скандал го тресе Светското првенство: ФБИ истражува афера на Аргентина од 300 милиони долари!


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Додека целиот свет зборува за начинот на кој Аргентина се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство, избувна нов скандал на овогодишниот Мундијал.

Имено, додека Клаудио Тапиа беше во Мајами со делегација на аргентинската репрезентација пред натпреварот од осминафиналето на Мундијалот, во истиот град се случуваше нешто што ќе доведе до голем скандал.

Станува збор за клучни чекори во врска со меѓународната истрага за управување со средствата на Фудбалската федерација на Аргентина (АФА).

Според информации од САД, агенти на ФБИ и обвинителите од Министерството за правда на САД го повикаа на сведочење Гиљермо Тофонија, кој зборуваше за финансиската структура што се користи за управување со меѓународните комерцијални договори на АФА.

Состанокот беше во живо и траеше повеќе од два часа, а беше дел од прелиминарната истрага насочена кон утврдување дали операциите кои се спроведуваат преку банки и компании со седиште во САД можат да претставуваат кривични дела во САД.

Случајот вклучува сума поголема од 300 милиони долари и ненадејно стана значаен по интервенцијата на американските федерални власти.