Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Голманот na Манчестер сити, Џејмс Трафорд, може наскоро да му се приклучи на Лидс.
Иако досега Трафорд се поврзуваше со Њукасл, преговорите завршија, па тоа го искористи Лидс кој веќе воспостави контакт со Манчестер Сити.
Карл Дарло го напушти Лидс и премина во Манчестер Јунајтед како слободен агент, па клубот бара нов голман и изборот падна на Трафорд.
Тој се врати во Сити од Барнли минатото лето во трансфер вреден 31.000.000 евра (со дополнителни бонуси кои не беа исполнети), но наскоро дојде и Џанлуиџи Донарума, поради што Трафорд падна во втор план.
Тој има само 23 години, а за Сити има вкупно 17 настапи.
Енцо Мареска нема ништо против неговата продажба, Донарума останува прв избор, а Трафорд во меѓувреме може да го наполни клубот со пари, бидејќи е многу ценет како репрезентативец на Англија.
















