Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Англискиот прволигаш Челси е казнет со парична казна од 10 милиони фунти, односно 11,7 милиони евра и условна забрана за доведување играчи за време на два преодни рока поради кршење на финансиските правила во времето на поранешниот сопственик Роман Абрамович.
Клубот од Стамфорд Бриџ беше под долготрајна истрага, а санкциите следеа откако во септември минатата година беа обвинети за дури 74 прекршоци на правилата на Англиската фудбалска асоцијација (ФА). Интересно е дека сегашните сопственици сами ги пријавија неправилностите кои датираат од периодот 2009 до 2022 година, а опфаќаат трансфери на играчи како Вилијан, Еден Азар и Самуел Ето’о.
Интересно е дека првобитната казна беше поинаква. Независната регулаторна комисија првично на клубот му изрече условно одземање на шест поени, но по жалба на Челси, Независната апелациона комисија ја укина таа мерка.
Наместо тоа, одредена е забрана за регистрација на играчи за два целосни и последователни преодни рока, што е условно до 30 јуни 2027 година.
















