Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Роберт Левандовски ги постигна првите два гола во MLS и го предводеше Чикаго Фајр до победа над Шарлот со резултат од 2:1 во својот прв натпревар на домашен терен за новиот клуб.
Полскиот напаѓач ова лето пристигна во Чикаго од Барселона и веднаш на своето деби пред домашната публика покажа зошто беше доведен.
Шарлот прв пристигна до предноста со голот на Пеп Биел, кој погоди по асистенција на Идан Токломти.
Левандовски израмни во 20. минута со спектакуларен удар од далечина, а потоа во 68. минута со прецизен удар во левиот долен агол го комплетираше пресвртот и му донесе победа на домашниот тим.
Чикаго така ја запиша деветтата победа во сезоната, со шест порази и две нерешени средби, а натпреварот имаше дополнително значење бидејќи екипата прв пат по повеќе од два месеци играше на својот стадион.
Шарлот во финишот се обиде да дојде до израмнување и во надополнетото време имаше корнер, но домаќините ја зачуваа минималната предност. Ова на гостите им беше трет последователен пораз од Чикаго.
















